Дедото на Тео и Тони од Долно Лисиче се вработува во Општина Аеродром

Веле Зафировски, дедото кој се грижи за напуштените близнаци, Тео и Тони од први јануари почнува да работи за Општина Аеродром. Веле ќе биде задолжен за одржување на зеленилото во населба Долно Лисиче каде што живее.

Општина Аеродром му пристапи на семејството Зафировски веднаш по сознанието за условите во кои живеат и тешката финансиска состојба. Се надеваме дека помошта која ја доби семејството изминатиот период ќе им обезбеди подобар живот и можност да уживаат во новогодишните празници.

Институциите пред сѐ мора да покажат хуманост и грижа за сопствените граѓани. Општина Аеродром во иднина ќе се труди да воспостави ефикасни механизми за континуирана помош на социјалните случаи на својата територија.

 

26.12.2017

Општина Аеродром