УТРЕ ЧЕТВРТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ

Утре, 22.12.2017 година (петок) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 4-та седница на Советот на Општината.

На дневниот ред на седницата се следните точки:

1.    Предлог-Буџет на Општина Аеродром за 2018 година со амандмани

2.    Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Аеродром за 2018 година

3.    Предлог-Буџетски календар на Општина Аеродром за подготовка на Буџетот на општината за 2019 година

4.    Предлог - Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на административните службеници за 2018 година

5.    Предлог - Одлука за  утврдување денарски благајнички максимум за 2018 година

6.    Предлог - Одлука за  утврдување девизен благајнички максимум за 2018 година

7.    Предлог - План за јавни набавки на ОА за 2018 година

8.    Предлог - Програма за работа на Одделението за инспекциски работи на ОА за 2018 година

9.    Предлог - Програма за активности од областа на еднаквите можности на жените и мажите во Општина Аеродром за 2018 година

10.  Предлог - Програма за поддршка на спортот во Општина Аеродром за 2018 година

11.  Предлог - Програма за планирани активности од областа на образованието во ОА за 2018  

12.  Предлог - Програма за остварување социјална и детска заштита во ОА за 2018 година

13.  Предлог - Програма за поддршка на културата во Општина Аеродром за 2018 година

14.  Предлог - Програма Р – Заштита на животната средина и природа за подрачјето на ОА за 2018 година

15.  Предлог - Програма Ј - Комунални дејности на подрачјето на ОА за 2018 година

16.  Предлог - Програма Ф (ФА, Ф1, Ф2, ФД) – Урбанистичко планирање и уредување на подрачјето на ОА за 2018 година

17.  Предлог - Програма Г- Локален економски развој на подрачјето на Општина Аеродром за 2018 година

18.  Предлог - Програма за јавни работи на подрачјето на Општина Аеродром за 2018 година

19.  Предлог - Програма за енергетска ефикасност на ОА за период 2017-2019 година

20.  Предлог - Одлука за давање согласност на измена на Годишниот план за вработување на Општина Аеродром за 2017 година

21.  Предлог - Одлука за задолжување на Раководителот на Одделението за комунални работи  на ОА, за преземање активности со цел регулирање на договорни обврски кон ангажирани сезонски работници во ОА

22.  Предлог - Одлука за задолжување на раководителот на Сектор за комунални работи, урбанизам и заштита на животната средина, за преземање активности со цел регулирање на договорни обврски кон ангажирани лица во ОА

23.  Предлог - Одлука за давање согласност за  регулирање на договорни обврски кон ангажирани лица во Секторот за работи на Градоначалникот на ОА

24.  Предлог – Одлука за распределба на блок дотација наменета за основните училишта на територија на Општина Аеродром

25.  Предлог – Одлука за распределба на блок дотација наменета за детските градинки на територија на Општина Аеродром

26.  Предлог - Одлука за доделување новогодишни пакетчиња на вработените и ангажираните лица во општинската администрација и членовите на Советот на ОА

27.  Предлог - Одлука за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче  на подрачјето на ОА во 2018 година

28.  Предлог-Одлука за давање согласност за склучување меморандум за соработка меѓу ООУ „Гоце Делчев“ и Општина Аеродром за спроведување на еко-акциите во рамки на програмата „Немаме резервна планета“

29.  Предлог - Одлука за формирање Комисија за изработка на Програма за работа на Советот на Општина Аеродром за 2018 година

30.  Предлог-Заклучок за усвојување Програми за антикорупциска едукација на учениците во основните училишта на подрачје на Општина Аеродром како дополнување на Годишните програми за работа за учебната 2017/2018 година

31.  Предлог - Одлука за разрешување на претставник од Општина Аеродром, член во Училишниот одбор на ООУ „Лазо Ангеловски“

32.  Предлог - Одлука за именување претставник од Општина Аеродром за член во Училишниот одбор на ООУ „Лазо Ангеловски“

33.  Предлог - Одлука за именување претставник од Општина Аеродром за член во Училишниот одбор на ООУ „Љубен Лапе“

34.  Предлог - Одлука за именување претставник од Општина Аеродром за член во Училишниот одбор на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“

35.  Предлог - Одлука за давање на согласност за примање на донација – полигон  игралишта  во две основни училишта на подрачје на Општина Аеродром

36.  Предлог - Одлука за  измена и дополнување на Одлуката за утврдување на распоред на работното време на вработените во општинската администрација на Општина Аеродром

37.  Предлог - Одлука за измена на Одлуката за исплата на парична помош по основ на пристигнати барања  за опремнина за пензионирање, за  смрт на член на потесно семејство и за смрт на вработено лице во општински буџетски корисник   

38.  Предлог - Одлука за исплата на парична помош по основ на пристигнати барања  за боледување подолго од шест месеци и  за  смрт на член на потесно семејство за  вработени лица во општински буџетски корисник

39.  Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 427 и КП 429/1)

40.  Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 1152)

41.  Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 1391)

42.  Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 3967)

43.  Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 4020)

44.  Предлог-Заклучок за усвојување на Информација од Одделение за урбанизам и подготовка на урбанистички планови на Општина Аеродром,  за отпочнување на постапка за изработка и донесување на ДУП за градска четврт И 17.01

45.  Предлог-Заклучок за усвојување на Информација од Одделение за урбанизам и подготовка на урбанистички планови на Општина Аеродром,  за отпочнување на постапка за изработка и донесување на ДУП за градска четврт И 17.04

46.  Предлог-Заклучок за усвојување на Информација од Комисија за урбанизам на Општина Аеродром за доставена Иницијатива за изработка на ДУП за урбанистичка четврт И17 блок 3

47.  Предлог-Заклучок за усвојување на Информација од Одделение за урбанизам и подготовка на урбанистички планови на Општина Аеродром,  за направена грешка во планска документација за ГП6.16, КП 4664/4 ДУП Мите Богоевски

 

            21.12.2017

            Општина Аеродром