Повик за финансиска поддршка на граѓанските организации

Ги известуваме граѓаните на Општина Аеродром дека е во тек Јавен повик за финансиска поддршка на граѓански организации кои работат во областа на локална демократија, креирање и спроведување јавни политики на локално ниво и соработка со локални самоуправи. Пријавите може да се достават најдоцна до 24.12.2017 година (недела) на следната адреса: cso.democracy@aldaintranet.org.

Главна цел на проектот е да го зајакне влијанието на граѓанските организации во јавните политики на локално ниво.

На интернет страницата на проектот lokalnademokratija.mk може да се пронајдат повеќе информации за отворениот јавен повик.

Повикот е наменет за граѓанските организации, кои ќе предложат иновативни проекти за подобрување на соработката меѓу граѓанските организации и локалните самоуправи. За таа цел апликантите задолжително треба имаат партнер локална самоуправа или центар за регионален развој.

Јавниот повик се реализира во рамки на проектот „Граѓански организации во служба на локалната демократија“, кој го спроведуваат Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА), Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија (ЗФР) и Европското движење во Република Македонија (ЕДРМ).

 

20.12.2017

Општина Аеродром