Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска во ТЦ „Бисер“ ја отвори кампањата „Среќна и безбедна 2018 година“.
Станува збор за кампања против употреба на пиротехнички средства што ја организираат Општина Аеродром, СВР Скопје и Црвениот крст на Град Скопје.
На настанот беше изведена симулација, односно показна вежба, за давање помош при повреди предизвикани од злоупотреба на петарди, ракети и други видови пиротехнички средства, во која беа вклучени екипи на полицијата, Црвениот крст и ученици од три основни училишта во Општина Аеродром: „Љубен Лапе“, „Ѓорѓија Пулевски“ и „Лазо Ангеловски“.
"Се надеваме дека оваа кампања ќе придонесе за намалување на употребата на пиротехнички средства во пресрет на новогодишните празници и со тоа ќе се избегнат несаканите последици и ќе се зголеми безбедностa во Општината“, изјави градоначалникот Марин.
Инаку, за оваа тема децата изработија творби во форма на графити и пораки, кои ќе бидат објавени на општинската страница на фејсбук.
5.12.2017
Општина Аеродром
08-04-24