Почна големата еко-акција во Аеродром

Денеска почна големата еко – акција во Општина Аеродром, која се реализира во соработка со Град Скопје и неговите јавни претпријатија. Во следните неколку дена планираме да ја опфатиме целата територија на Општина Аеродром. Конкретно, ќе санираме 62 мини депонии и ќе уредиме 22 потези зеленило. Дополнително, ќе се заменат дотраените контејнери, ќе се санираат улици и ќе се исчистат сливниците на паркинзите и автобуските станици.

Механизацијата за чистење на дивите депонии тргна од булеварот „Трета македонска бригада“ и се упати кон Железничката станица во Мичурин, потоа во реонот околу Мајчин дом, Ново Лисиче, Реонски центар, околу амбулантата и трговскиот центар во населбата Лисиче, како и во Горно Лисиче.

Во акцијата се вклучени и околу 1.000 лица, кои работат на различни локации низ целата територија на Општина Аеродром.

„Со оваа акција ја потврдуваме заложбата за чисти улици и тревници секаде во Аеродром. По нејзината реализација, ќе продолжиме со уредување и со тековно одржување на јавните површини“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

                                                  

30.11.2017

Општина Аеродром