Есенско садење дрвја

Денеска градоначалниците на Град Скопје и на Општина Аеродром, Петре Шилегов и Златко Марин, како и директорите на јавните претпријатија учествуваа во есенската акција за садење дрвја на територијата на градот.

Конкретно, се насадија 45 садници од видот даб, сорбус, див костен и каталпа, во новоподигнатата зелена површина на булеварот „Трета македонска бригада“, како дел од акцијата за садење 600 високо култивизирани садници на автохтони видови.

            Акцијата продолжува и следната недела со садење дрвја на повеќе локации, поточно на ул. „Мите Богоевски“ во населба Лисиче, како и на раскрсницата на булеварите „Србија“ со „Видое Смилевски Бато“ и паркот на булевар „АСНОМ“.

Целта на оваа акција е да се збогати зеленилото во Општина Аеродром. Во следните четири години една од главните заложби на локалната самоуправа ќе биде зголемување и грижа за зелените површини во општината, за што се алоцирани и значителни средства од буџетот.

 

29.11.2017

Општина Аеродром