Во понеделник средба за почист воздух

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, во понеделник, 6.11.2017 година, во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се сретне со претставниците на О2 Коалиција за чист воздух.

На средбата ќе се дискутира за интервентни мерки, кои општината треба да ги преземе во насока на намалување на загадувањето. Со новиот Буџет на Општина Аеродром се планира да се издвои значителни средства и да се работи интензивно на реализација на конкретни мерки за почист воздух.

Ги покануваме граѓанските здруженија и други заинтересирани страни да присуствуваат на средбата и заеднички да ги се утврдат мерките, за кои е надлежна Општината, кои ќе дадат видливи резултати на краток рок.

Иако свесни дека решението за загадениот воздух не е брзо и едноставно, сметаме дека мора да се дејствува час поскоро.

 

Актуелно

img
img img

Видео