ВО ПЕТОК КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ

На 3.11.2017 година (петок) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи конститутивна седница на Советот на Општината.

На дневниот ред на седницата се следните точки:

1.    Предлог-Одлука за избор на Комисија за верификација на мандатот на членовите на Советот на Општина Аеродром;

2.    Предлог-Одлука за верификација на мандатот на членовите на Советот на Општина Аеродром;

3.    Предлог-Одлука за избор на претседател на Совет на Општина Аеродром.

 

            31.10.2017

            Општина Аеродром