ДЕНЕСКА ПОЧНА ДА СЕ АСФАЛТИРА ГЛАВНАТА УЛИЦА ВО ДОЛНО ЛИСИЧЕ

Денеска почна асфалтирањето на прекопите на главната улица во Долно Лисиче, на која во изминатите неколку месеци беше извршена реконструкција на водоводната мрежа и изградба на атмосферска канализација.

Со тоа Долно Лисиче ја доби првата атмосферска канализација во должина од околу 2 километри, која е од витално значење за жителите од овој дел на општина Аеродром, затоа што овозможува собирање и одведување на атмосферските води во реката Вардар. Со реконструкцијата на водоводната мрежа, пак, се овозможи непречен проток и поголем притисок на водата за домаќинства, како и решавање на недостигот од вода во летниот период.

Општина Аеродром изразува разбирање за револтот што се појави во меѓувреме кај граѓаните поради неможноста непречено да ја користат оваа фреквентна делница и кулминираше со најава за блокада на патот. Се надеваме дека со денешното асфалтирање конечно ќе им стави крај на неколкумесечните сообраќајни непријатности на граѓаните.

 

26.10.2017

Општина Аеродром