Одбележан Светскиот ден на храната

ДЕЧИЊАТА ОД „БАМБИ“ ВО ПОСЕТА НА ПАЗАР

Дечињата од двете воспитни групи,  на возраст од 4 до 5 години, од градинката „Срничка“, објект „Бамби“, вчера, 17.10.2017 година, беа во посета на пазарот, кој се наоѓа во непосредна близина на  градинката и на тој начин го одбележаа Светскиот ден  на храната.

Упатувајќи се кон тезгите со разновидни есенски плодови , дечињата беа интересна глетка за минувачите и случајните купувачи на здрави продукти. Уште веднаш дечињата можеа да забележат дека  тука храната е свежа и разнобојна. Децата имаа прилика да видат различни видови сезонско овошје и зеленчук, да ги набљудуваат, именуваат и забележуваат разликите во бојата, големината, мирисот, формата.

Исто така, се потсетија на важноста на хигиената за нивното здравје и потребата овошјето и зеленчукот  да се мие пред неговото консумирање.  Беше многу интересно кога децата забележаа многу од  здравите продукти што ги има на пазарот, дека ги има и во нашата градина.

Комбинацијата на здрава исхрана, одгледувањето зеленчуци во своите органски градини, вклучувањето на родителите и едукацијата за важноста на здравата исхрана за децата од градинка, претставува еден интегриран пристап кој влијае на перцепцијата на децата и им дава можност да размислуваат и да уживаат во здравата храна од најмала возраст.

 

18.10.2017

Општина Аеродром

 

Актуелно

img
img img

Видео