Долно Лисиче ја доби првата атмосферска канализација во должина од 1.800 метри која минува на улиците „1„ и „20“, а која е од витално значење за жителите од овој дел на Општина Аеродром, затоа што овозможува собирање и одведување на атмосферските води во реката Вардар.
Останува уште да се санираат прекопите од изградбата на атмосферската канализација на истата улица, што се очекува да почне наредниве денови.
5.10.2017
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.