На 5.10.2017 година (четврток) со почеток од 13:00 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи конференција за Еуропас програмите, во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Еуропас се пет документи што ги прават вештините и квалификациите јасни и лесно разбирливи во Европа.
Ги покануваме заинтересираните што сакаат да учат и да работат во некоја од европските држави, да дојдат на оваа конференција, чија цел е да им помогне на граѓаните (невработени и веќе вработени) да ги претстават своите вештини и квалификации ефективно кога бараат работа или обука низ Европа, како и да им помогне на институциите надлежни за образование и обука успешно да ја дефинираат и претстават содржината на курикулумот и да дознаат повеќе за поволностите што ги нудат Еуропас програмите.
3.10.2017
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.