ОПШТИНА АЕРОДРОМ ЈА ОДБЕЛЕЖУВА „ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ“

Денеска, 20.9.2017 година (среда), во училишната спортска сала на „Ѓорѓија Пулевски“, дечиња од детската градинка „Буба Мара“ и „Срничка“ возеа велосипеди и тротинети и играат разни детски игри, со што се одбележа „Европската недела на мобилност 2017“ во Општина Аеродром.

Инаку, темата оваа година на „Европската недела на мобилност 2017“ е „Чиста, споделена и паметна мобилност“, која трае до 22-ри септември, а се спроведува под мотото „Споделувањето те движи напред“.

Целта на Европската недела на мобилност е да се предложуваат и тестираат иновативни сообраќајни решенија, нови технологии или мерки за планирање на урбаниот транспорт, со што ќе се намали употребата на автомобили и ќе се редуцираат емисиите на штетни гасови во воздухот.

Истражувањата покажуваат дека прифаќањето на заедничкото движење може да има позитивно влијание врз нашите градови: на пример, секој автомобил што се споделува за заеднички транспорт на патот заменува околу 5 приватни автомобили.

 

20.9.2017

Општина Аеродром