„Енергијата вреди и затоа треба да се штеди“
Детската градинка „Срничка“ доби грант со изработка на проектот „Енергијата вреди и затоа треба да се штеди“, кој го искористи за поставување соларен систем во објектот „Бамби“, што овозможува заштеда на енергијата за 65 проценти.
Соларниот систем е сертифициран од германско сертифицирано тело и има 10 години гаранција. Бидејќи покрај санитарната вода, електрична енергија се троши за работа на машината за садови, е инсталиран и трокатен вентил со што дополнително ќе се заштеди потрошувачката на струја.
Грантот доаѓа како награда за континуираната посветеност на „Срничка“ на заштитата на животната средина. Градинката официјално беше прогласена за еко- градинка со највисокото ниво на наградување, зелено знаме во 2014 година.
12.9.2017
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.