СОВЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА РАСПИШУВАЊЕ РЕФЕРЕНДУМ

Советот на Општина Аеродром на денешната, 6.9.2017 година, 73-та седница донесе одлука да се распише референдум во врска со прашањето за населување и интеграција на мигранти на територијата на Општината, која за жал не ја поддржаа советниците на опозициската советничка група на СДСМ.

Референдумот, како што одлучија советниците, би се одржал заедно со локалните избори закажани за 15 октомври годинава, со цел да не се создаваат дополнителни трошоци.

Со распишувањето на референдумот ќе се спречи актуелната или која било идна влада да спроведе план за населување на мигранти на територијата на Општина Аеродром .

Ги повикуваме граѓаните масовно да го поддржат овој референдум, со цел да се стави точка на прашањето со мигранти во нашата општина!

 

            6.9.2017

            Општина Аеродром