Денеска, 6.9.2017 година, градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, заедно со 10 ученици од осумте основни училишта, кои ќе одат на настава во Лондон, како и претставници од Општината, беа во посета на Амбасадата на Велика Британија во Република Македонија.
На средбата, која помина во пријатна атмосфера, беше кажано дека кон средината на септември, 10-те најдобри ученици од сите основни училишта во Општина Аеродром ќе ја посетат збратимената Општина Вандсворт во Лондон, каде што ќе посетуваат настава во училиштето Ернест Бевин.
За време на наставата во училиштето во лондонската општина Вандсворт учениците придружувани од еден одговорен наставник ќе имаат можност да ја посетуваат наставата кај своите врсници и да се запознаат со нивниот воспитно-образовен систем, односно со нивните наставни програми и со начинот на одржување на наставата.
Оваа иницијатива се смета за важна и претставува илустрација на врските меѓу Македонија и Британија, а како што кажа британскиот амбасадор Чарлс Герет, таа исто така е уникатна прилика за најдобрите ученици од Аеродром да посетуваат настава во училиштето Ернест Бевин, дотолку повеќе што овој колеџ има долга традиција на негување на спортот, а таму учел и актуелниот градоначалник на Лондон.
6.9.2017
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.