УЧЕНИЦИ ОД ОУ „ДИМИТАР МАКЕДОНСКИ“ ГОСТИ НА ПРОМОЦИЈАТА НА „ЗЕЛЕНА ИГРА“

Неколку ученици од ООУ „Димитар Македонски“ беа гости на промоцијата на онлајн играта за деца под име „Зелена игра“ (Green game) што се одржа вчера, 4.9.2017 година, во трговскиот центар „Сити мол“, кои специјално за овој настан ја подготвија детската песна „Направив вистински град“.

Играта е нов концепт, креативна едукација за селекција на отпадот, низ игра и забава од мали нозе децата да научат правилно да го селектираат отпадот, со цел заштита на животната средина во која растат и се развиваат.

Инаку, играта може да се симне на следните линкови: www.nulaotpad.com.mk и www.pakomak.com.mk и да се инсталира на мобилен, таблет или компјутер, каде посетителите ги очекуваат многу награди и изненадувања кои ќе ги овозможат Нула Отпад и Пакомак за тоа што ќе го научат со играта.

СЕКОЈ ОТПАД ИМА СВОЈ ДОМ, ПРОНАЈДИ ГО!

РЕДУЦИРАЈ, СЕЛЕКТИРАЈ, РЕЦИКЛИРАЈ И ЗАШТИТИ ЈА СВОЈАТА ЖИВОТНА СРЕДИНА !

 

5.9.2017

Општина Аеродром