СТАРТУВАА 7.000 ОСНОВЦИ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ

Осумте основни училишта во Општина Аеродром денеска, 4-ти септември, ги отворија вратите за околу 7.000 ученици, од кои 800 се првачиња.

Училиштата и годинава организираа свечености по повод првиот училиштен ден и подготвено ги пречекаа учениците за успешен почеток на новата 2017/2018 учебна година.

Во текот на распустот, училиштата се подготвија за успешен старт на новата учебна година, при што дел од училиштата беа реновирани. Каде што имаше потреба беа извршени поправки, дел од училниците, канцелариите, ходниците и фасадите беа варосани и исчистени, а дворовите уредени.

Исто така, сите ученици во Општина Аеродром добија бесплатна училишна облека. Овој проект, кој се одвива четврта година по ред, наиде на одобрување и прифаќање не само кај учениците, туку и кај родителите, бидејќи сите ученици се облечени во иста облека и на тој начин се навикнуваат на соодветен кодекс на облекување.

Ви посакувамe успешен почеток, многу радост во училишните клупи и безброј петки. Со среќа!

 

4.9.2017

Општина Аеродром