Вчера, 31.8.2017 година, во просториите на Општината се одржа обука, во соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Обуката беше наменета за невработените лица, за стекнување „меки“ вештини, како пишување CV, мотивациско писмо според Еуропас форматот и подобрување на комуникациските вештини, како и за тоа какви поволности нудат европските мрежи и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Присутните заинтересирани граѓани кои ја посетија обуката можеа да дознаат повеќе околу комуникациските вештини потребни при вработување.
1.9.2017
Општина Аеродром
08-04-24