О Г Л А С

  

 

Врз основа на член 128 и член 130 од Законот за основно образование (Сл.весник на РМ бр.103/08) и член 26 од Правилникот за условите,начинот и постапката  за издавање под закуп на фискултурната сала, училишниот двор, училници или друг административно-деловен простор, Директорот на OОУ,,Гоце Делчев,, Аеродром-Скопје,објавува

 

О Г Л А С

За издавање под закуп на фискултурна сала и училници во OОУ,,Гоце Делчев,, Аеродром-Скопје

 

1.ЗАКУПОДАВЕЦ

OОУ,,Гоце Делчев,, Аеродром-Скопје,со седиште на ул,Горно Лисиче,,бр.23,1000 Скопје,тел/факс +389(2)2438-288

2.ПОНУДУВАЧ

Право да поднесе барање за закуп на наведените недвижности има секое заинтересирано домашно и странско правно лице кое е регистрирано за вршење дејност согласно со предметот на закуп.

3.ПРЕДМЕТ НА ЗАКУП

 3.1.Фискултурна сала во OОУ,,Гоце Делчев,,Г.Лисиче (со површина 620,55 м2). Со гардероби и тоалети, дозволени спортови за кои може да се користи салата се, ракомет, одбојка, карате, аеробик, зумба, пилатес, јога и народни ора и танци-почетна цена 700,00 денари по час

3.2.Една училница со површина 40  м2 во OОУ,,Гоце Делчев,, во Горно Лисиче  500,00 час

3.3.Една училница со површина  40 м2 во ПОУ,,Гоце Делчев,, во Долно Лисиче 500,00 час

3.4. Хол со површина 40  м2 во OОУ,,Гоце Делчев,, во Горно Лисиче  350,00 час

Закупецот ги издава просториите наведени во точките 3.1, 3.2, 3.3,3.4  по пат на прибирање на писмени понуди.

Понудувачот треба понудите да ги достави на документација потпишана и заверена од страна на закуподавецот.

Документацијата во која подетално се наведени недвижностите кои што се предмет на закуп како и другите услови коишто задолжително мора да ги исполнуваат понудувачите може да подигне само овластено лице од страна на понудувачот секој работен ден од 8 до 12 часот кај секретарот на училиштето.

Понудата која нема да ги содржи потребните документи ќе се смета за некомплетна и како таква нема да биде разгледувана.

Oгласот трае 5работни дена во кој рок треба да се подигне документацијата .

Понудите да се достават на адреса ул.Горно Лисиче бр.23 или во архивата на училиштето најдоцна до 24.08.2017 година до 12 часот,a отварањето че биде на 30.08.2017 година во 11,00 часот

Сите понуди кои ќе пристигнат подоцна нема да се разгледуваат.

                                                                  OОУ,,Гоце Делчев,,Скопје