Аеродромци летово имаа можност бесплатно да се ослободат од опасниот отпад
Општина Аеродром во соработка со Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“, летово реализираа голема еко-акција за собирање електронски и електричен отпад, во која граѓаните имаа можат бесплатно да се ослободат од електронскиот и електричниот отпад од домаќинствата, при што беа собрани околу 4 тони опасен отпад.
Граѓаните на Општина Аеродром ги пријавуваа старите електрични и електронски апарати од домаќинствата, од кои сакаат да се ослободат, на телефонскиот број во најблиската урбана заедница (http://aerodrom.gov.mk/page/urbani-zaednici) или во „Нула отпад“ на 02/3256-309.
Под електронски отпад се подразбира статични и лаптоп компјутери, тастатури, глувчиња, кабли, звучници, слушалки, домашни телефони и мобилни телефони, МП3 плеери, монитори, телевизори, дигитални камери и видео-камери, принтери, скенери, факс-машини и стерео системи, додека под електричен отпад се подразбира шпорети, машини за перење облека и садови, греалки и грејни тела, микробранова печка, машина за правење леб, апарат за кафе, други апарати од домаќинство, како и клима-уреди.
17.8.2017
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.