„Вклучи се за здрава животна средина!“

ПАРКИРАЛИШТЕ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ ВО ПАРКОТ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“

Денеска, 10.8.2017 година, под мотото „Вклучи се за здрава животна средина!“ во паркот „Јане Сандански“ се одржа промоција на поставениот вело-остров, во соработка со Здружението на граѓани „Центар за климатски промени“, Гевгелија.

Целта е да се поттикне и олесни возењето велосипед, а со тоа и да се намали загадувањето на воздухот и бучавата во Скопје. Оваа активност е дел од акцискиот план за поголема вклученост на јавноста во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина, кој е изработен за периодот 2017-2020 година, преку проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животна средина“ и е финансиран во рамките на програмата за акциски грантови на Цивика мобилитас.

Во рамките на промоцијата, на која присуствуваа дечиња од градинките „Срничка“ и „Буба Мара“, за првите 100 учесници беа поделени флексибилни ленти и беџови брендирани со логото на проектот, донаторот и пораката за вклучување за поздрава животна средина.

 

10.8.2017

Општина Аеродром