Децата од градинката „Срничка“, објект „Чекорче“, летните денови ги минуваат низ игра и забава, заедно со студентите од најголемата студентска организација во светот, АИСЕК.
Во текот на шест недели, почнувајќи од 20-ти јули до 31-ви август, практикантите преку интерактивни сесии и работилници ќе го подигаат нивото на образование на децата од 4 до 10-годишна возраст и ќе ја шират свеста меѓу нив во врска со прашањата за животната средина.
Темите што започнаа да се реализираат се однесуваат на рециклирањето, заштита на шумите, климатските промени, вода, енергија и др.
Целта на проектот „Green Up!“ е да се поттикнат младите да преземат иницијатива за заштита на природните ресурси за идните генерации, да се едуцираат за еколошката култура и да се мотивираат да бидат поактивни за изнаоѓање решенија за еколошки прашања, кои влијаат на нивната животна околина.
Стекнатите знаења и искуства од проектот, децата ќе ги промовираат на јавен настан, театарска претстава, која ќе се одржи при крајот на август.
4.8.2017
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.