ПОЧНА ИЗГРАДБА НА НОВОТО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ „ДИМИТАР МАКЕДОНСКИ“

Денеска, 29.7.2017 година, на местото на старите бараки на ОУ „Димитар Македонски“ почна изградба на нов модерен објект во соработка со Министерството за образование и наука.

Според рокот на изградба новото училиште, ќе се гради во две фази, така што околу 1.000 ученици, колку што е капацитетот на новата зграда, ќе можат да посетуваат настава веќе наредната учебна 2018/2019 година.

Старото училиште беше изградено во далечната 1964 година како донација од Француската влада.

 

29.7.2017

Општина Аеродром