Иницијатива на еден аеродромец

ЗЕМИ ШИШЕ ВОДА И ПОДАРИ МУ ЖИВОТ НА НАЈБЛИСКОТО ДРВЦЕ!

Карло Змајшек, жител на Општина Аеродром, деновиве покрена иницијатива за подигање на свеста на граѓаните и за полевање на дрвјата, а посебно на новонасадените и помалите дрвца. Како личен пример тој веќе неколку недели секој ден наутро или навечер со неколку шишиња вода ги полева четирите дрвца насадени во близина на неговиот дом во Аеродром со цел да преживеат во овие летни и сушни периоди.

Притоа, овој еколошки освестен аеродромец ги повика своите граѓани да му се придружат во акцијата и секој да излезе со шише вода и да го полее најблиското дрвце.

„Ќе се почувствувате исполнети, задоволни, корисни, бидејќи дрвцата се благодарни и многукратно ни враќаат со добрина, го прочистуваат воздухот, обезбедуваат сенка, нивното зеленило не релаксира, даваат мир и спокој“, порачува Змајшек.

Општина Аеродром ја поддржува иницијативата на нашиот жител и апелира и другите да го следат неговиот пример.

Да правиме добри дела! Да почнеме денес!...

 

            27.7.2017

            Општина Аеродром

 

Актуелно

img
img img

Видео