Реакција на прес-конференцијата на Златко Марин, претседател на ОО-СДСМ Аеродром

Почитувани,

 

Би сакале да ја информираме јавноста дека Општина Аеродром нема потрошено ниту еден денар од Буџетот за рекламирање на проектите.

Актуелната промотивна кампања на Општина Аеродром е целосно бесплатна и медиумите имаат јасно назначено дека емитувањата се бесплатни.

Оттаму може да се види дека безидејноста на држење прес-конференции на опозицијата во Општина Аеродром има единствена цел за себепромоција.

Затоа, го повикуваме нивниот кандидат наместо постојано да ја замајува јавноста со безначајни изјави, да ги повика државните органи, кои се под нивна палка веќе неколку месеци, да дојдат во Општината и да се уверат во транспарентноста и законитоста на нејзиното работење, а тој во иднина да се потруди на своите прес-конференции да промовира проекти што се во интерес на граѓаните.

Аеродром, и покрај постојаната деструктивност на опозицијата во Советот, е една од најуспешните општини во Македонија со над 200 реализирани проекти во последните 4 години, без ниту еден денар долг и средства обезбедени за наредните 4 години. Тоа се факти и тоа е реалноста која очигледно опозицијата ја боли и не може да собере доблест да ја признае.

 

Општина Аеродром

25.7.2017