На акцијата за собирање кабаст отпад, што се реализираше на 21.7.2017 и 22.7.2017 година во Општина Аеродром, беа собрани околу 3,5 кубни метри отпад.
Акцијата што се одвиваше речиси на целата територија на Општина Аеродром им овозможи на граѓаните да се ослободат од стар и неупотреблив мебел и електрични и електронски апарати од домаќинствата (компјутери, телевизори, музички системи и сл.), а се реализираше во соработка со Град Скопје, поточно со јавното претпријатие „Комунална хигиена“.
Исто така, постои можност ваква услуга граѓаните да добијат и во други денови со одреден надомест, за што подетални информации може да се добијат на дежурниот телефон 0800 222 33.
24.7.2017
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.