На 17.7.2017 година (понеделник), граѓанската иницијатива „Мрдни со прст“ и Општина Аеродром организираа голема еко-акција и заедно со жителите ја чистеа и разубавуваа областа под железничката станица во населбата Мичурин, во близина на улицата „Венијамин Мачуковски“.
На настанот се приклучија повеќе од 60 граѓани и заедно со претставници на Сојузот на извидници на Македонија, Ајде Македонија, Националниот младински совет на Македонија, Go Green / Биди Зелен и со поддршка на Општина Аеродром, собраа повеќе од 60 вреќи отпадоци.
Дел од настанот беа и ДЈ Тони Зен, ДЈ Гоце Саф, танчерите од Битрикс Кру и Марко Новески кои ги забавуваа присутните и покажаа дека чистењето може да биде вистинска журка. Kако траен спомен од овој настан ќе остане и уметноста на мајсторот за графити – Драш, кој нацрта неколку графити кои отсега ќе ги разубавуваат столбовите на Железничката станица.
19.7.2017
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.