ВО ПЕТОК 70 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ

На 7.7.2017 година (петок) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 70-та седница на Советот на Општината.

На дневниот ред на седницата се следните точки:

1.    Предлог-Одлука за измени и дополнувања на Буџетот на Општина Аеродром за 2017 година

2.    Предлог-План за дополнување на План за јавни набавки на ОА за 2017 година

3.    Предлог-Одлука за исплата на парична помош по основ на пристигнати барања за отпремнина за пензионирање и за смрт на член на потесно семејство

4.    Предлог-Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работењето и за реализација на Програмата за развој на Скопски плански регион за 2016 година

5.    Извештај за извршување на Одлуките донесени од страна на Советот на Општина Аеродром за период од 07.12.2016 година до 30.03.2017 година

6.    Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 3797)

7.    Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 1312)

8.    Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 1904).

 

5.7.2017                                  

Општина Аеродром

 

Актуелно

img
img img

Видео