ФК „СЦ НОВО ЛИСИЧЕ“ ПОБЕДНИК НА МЕМОРИЈАЛОТ „АЛЕКСАНДАР СТОЈЧЕВ“

  Фудбалерите на ФК „СЦ Ново Лисиче“ се победници на годинешниот меморијален турнир во мал фудбал „Александар Стојчев“ што на 23.6.2017 година се одржа во истоимениот спортски центар во населбата „13 Ноември“ во општина Аеродром.

  На шеснаесетиот по ред меморијален турнир, што се одржува во чест на загинатиот бранител Александар Стојчев, годинава се натпреваруваа четири екипи составени од фудбалери до 14 годишна возраст од општина Аеродром, кои тренираат во повеќе фудбалски школи од Скопје.

  Првото место го освои екипата на ФК „СЦ Ново Лисиче“, на второ место се пласираа фудбалерите од ФК „Ново Лисиче“, трета е екипата на ФК „Гоце Делчев“, а четврти се фудбалерите на ФК „Тодор Чангоц“. Сите натпревари ги судеше Филип Николов.

  За најдобар голман на натпреварите е прогласен Гоце Јовчев, најмногу голови постигна Дарко Младеновски, за најкорисни играчи се прогласени Сретен Калиноски, Филип Трајковски, Лука Ставров и Валентин Сандевски, а најградата за најмлад фудбалер отиде во рацете на Андреј Рахиќ.

  Традиционалниот меморијален турнир се одржа во организација на Македонскиот полициски синдикат, Советот на МПС на Град Скопје и Општина Аеродром, со поддршка од голем број пријатели и донатори.

 

            28.6.2017

            Општина Аеродром