На сцената на „Гола месечина“

АЕРОДРОМКИ ОДРЖАА ЗУМБА ЧАС!

Општина Аеродром и фитнес клубот „Фит уан“ организираа бесплатен ЗУМБА фитнес час вчера, 21.6.2017 година, во Спортскиот центар „Ново Лисиче“, на сцената на која се одржува Меѓународниот фестивал „Гола месечина“ за време на паузата од претставите.

Целта за овој забавен ЗУМБА час, кој предизвика интерес кај граѓаните и на кој му се придружија голем број аеродромки, беше не само да се анимираат граѓаните во духот на забава и смеа што го промовира организаторот на фестивалот, Театар комедија, туку и да се означи почетокот на летната сезона на еден интересен, весел и енергичен начин, поразличен од другите часови.



22.6.2017

Општина Аеродром