На сцената на „Гола месечина“
Општина Аеродром и фитнес клубот „Фит уан“ вечерва, 21.6.2017 година (среда), организираат бесплатен ЗУМБА фитнес час во Спортскиот центар „Ново Лисиче“, на сцената на која се одржува Меѓународниот фестивал „Гола месечина“ за време на паузата од претставите.
Целта за овој забавен ЗУМБА час е не само да се анимираат граѓаните во духот на забава и смеа што го промовира организаторот на фестивалот, Театар комедија, туку и да се означи почетокот на летната сезона на еден интересен, весел и енергичен начин, поразличен од другите часови.
Инаку вчера, 20.6.2017 година, на репертоарот беше претставата АТЕНА СО ПЕНИС од Александар Русјаков во режија на Синиша Евтимов во продукција на Драмски театар Скопје, Македонија.
Рубенс Муратовски, кој го игра главниот лик во претставата, просечен, средовечен македонски „шалабајзер“ и самоповикан гуру на турбофолк сцената, ја зовре атмосферата во бројната публика, која бараше столче повеќе.
21.6.2017
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.