ИНТЕНЗИВНО СЕ ПОПРАВААТ РЕКВИЗИТИТЕ НА СПОРТСКИТЕ И ДЕТСКИТЕ ИГРАЛИШТА

Општина Аеродром деновиве интензивно врши поправка на реквизитите на спортските и детските игралишта на целата нејзина територија.

Реконструкцијата на спортските игралишта опфаќа поправка и бојосување на кошевите и головите, поставување обрачи на кошевите, како и поправка на оштетените делови од оградите.

Во акцијата се поправаат и реквизитите на сите детски игралишта на територијата на општината.

Акцијата има за цел на граѓаните да им се овозможат подобри услови за спортување и рекреација во текот на летниот период.

 

            21.6.2017

            Општина Аеродром