„СРНИЧКИТЕ“ СЕ ЗБОГУВАА СО ГРАДИНКАТА

Идните првачиња од сите објекти на детската градинка „Срничка“ подготвија интересни приредби и така го најавија своето збогување со градинката.

            Дечињата низ игра и песна се присетија на сите убави моменти поминати заедно. Тие на кратко ги внесоа возрасните во нивниот безгрижен детски свет, исполнет со безброј радости.

            „Срничките“ порачаа „Почитувај други, но верувај во себе, на светот не постои друг како тебе“ и раскажаа приказна цела дека „Чувствата разни богати нè прават и среќата и тагата животот го слават“.

            Тие преку своите настапи, низ рецитали и ритмички игри, им покажаа на своите родители, дедовци, баби... што сè научиле за време на нивниот престој во градинката и докажаа дека низ игра може многу да се научи.

                                                        

 

            1.6.2017

            Општина Аеродром