ВО ОУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ ПРОМОЦИЈА НА АКТИВНОСТИТЕ ОД ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+

Вчера, 17.5.2017 година, во холот на ООУ „Лазо Ангеловски“ се одржа промоција на спроведените активности на проектот Еразмус+ под наслов „Да ја обоиме иднината“.

За време на настанот учениците ги презентираа реализираните активности од оваа учебна година и тоа изработка и размена на честитки за Нова година и Божиќ, изработка на украси за новогодишното дрво посветено на проектот, уметничка галерија: сликање по инспирација на интернационални сликари и тоа – турски сликар Нури Абач, австрискиот сликар Густав Климт и бугарскиот сликар Владимир Димитров, возот на мирот, како и традиционални детски песни и традиционални детски игри.

           

18.5.2017

            Општина Аеродром