ВИКЕНДОВ СОБРАНИ 50 КУБИЦИ КАБАСТ ОТПАД

На акцијата за собирање кабаст отпад, што се реализираше на 12.5.2017 и 13.5.2017 година во Општина Аеродром, беа собрани околу 50 кубни метри отпад.

Акцијата што се одвиваше речиси на целата територија на Општина Аеродром им овозможи на граѓаните да се ослободат од стар и неупотреблив мебел и електрични и електронски апарати од домаќинствата.

Исто така, постои можност ваква услуга граѓаните да добијат и во други денови со одреден надомест, за што подетални информации може да се добијат на дежурниот телефон 0800 222 33.

 

15.5.2017       

Општина Аеродром