Еко-кампања во „Буба Мара“
Детската градинка „Буба Мара“ организираше еко-кампања под мотото „Не го фрлај празното шише, ќе до употребиме јас и мојот другар Мише“, која започна од 2.5.2017 година, а траеше до 8.5.2017 година.
Секое дете беше задолжено со доаѓање во градинка да донесе 5 празни шишиња кои потоа ќе се употребат за рециклирање и креативна еко-работилница со децата.
Целта на кампањата е да ги поттикне децата постојано да ја селектираат пластиката во соодветната канта за рециклирање дома и во градинка.
9.5.2017
Општина Аеродром
08-04-24