Во рамки на акцијата „Садница плус“

ДЕЦАТА ОД АЕРОДРОМ САДЕА СЕМЕ ОД ЕЛА

Во сите осум основни училишта и во двете детски градинки на територијата на Општина Аеродром денеска, 8.5.2017 година, под мотото „Од семче до дрвце“ успешно се реализираше акцијата „Садница плус“ во соработка со здружението „Ден на дрвото“ и Министерството за животна средина.

Учениците од основните училишта и децата од градинките насадија семиња од ела, кои ќе ги одгледуваат и ќе го следат нивното никнување и растење, со што ќе се придонесе да се развие одговорноста и еко-свеста кај децата, во рамки на 19 акција на „Ден на дрвото“, како и шестата „Садница плус“.

Овие активности имаат едукативен карактер со цел децата преку сопствено искуство да покажат интерес за грижа за садење семиња, негување на садниците и дрвцата, зачувување на шумите, како и да се поттикне и постигне кај децата индивидуална одговорност, да се зајакне довербата, заедништвото и да се развие трпеливоста.

 

8.5.2017

Општина Аеродром