ПОКАНА ЗА ЛИКОВЕН КОНКУРС НА ТЕМА „ЈА САКАМ ЕВРОПА“

Утре, 25.4.2017 година (вторник), во ТЦ „Капитол мол“ со почеток од 10:00 часот ќе се одржи ликовен хепенинг на кој децата од детските градинки и учениците од основните училишта ќе цртаат на тема: „Ја сакам Европа“, во организација на Општина Аеродром, Европското движење во Република Македонија и Европската делегација во Република Македонија по повод прославата на 9-ти Мај, Денот на Европа.

На крајот од настанот во 12:00 часот наградите ќе ги доделуваат шефот на Мисијата на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар, градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски и претседателката на Европското движење во Република Македонија, Милева Ѓуровска.

Целта на оваа манифестација е не само да се развие детската уметничка креативност и инвентивност, туку и младата популација од Општина Аеродром да се приближи кон европските вредности.

Ги покануваме редакциите на печатените и на електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследи настанот.

 

24.4.2017

Општина Аеродром