ПОЧНА ИЗГРАДБА НА НОВА УЛИЦА МЕЃУ РЕОНСКИ ЦЕНТАР „АЕРОДРОМ“ И НАСЕЛБА ЛИСИЧЕ

Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, и претседателот на Советот на Општина Аеродром, д-р Виктор Камилоски, денеска, 11.4.2017 година, официјално го означија почетокот на изградба на новата улица „5“ во Реонски центар „Аеродром“ зад ОУ „Александар Македонски“.

Станува збор за новопроектирана улица „5“, која ќе ги поврзува населбата Лисиче и Реонски центар „Аеродром“. Должината на улицата ќе биде 600 метри, а широчината 6 метри и уште по еден и пол метар тротоари од двете страни, што значи вкупно 9 метри широчина. На новата улица, исто така, ќе бидат изградени и сливници за атмосферските води, а по асфалтирањето ќе биде поставено и целосно улично осветлување, како и сообраќајно обележување. Сето тоа се очекува да заврши за 90 дена.

За изградба на улицата „5“ Општина Аеродром ќе инвестира 17 милиони денари, а заедно со претходно изградената фекална и атмосферска канализација и водоводна мрежа на ова место, кога Општината потроши, исто така, 17 милиони денари, вкупната инвестиција за овој проект чини 34 милиони денари.

„Овој проект е од витално значење за жителите во овој дел на Општина Аеродром, бидејќи не само што ќе се поврзат двете населби и ќе се урбанизира овој запуштен локалитет, туку и како што може да се види, ќе се овозможи пристап и од булеварот „Србија“, изјави градоначалникот Коневски.

 

11.4.2017

Општина Аеродром

 

Актуелно

img
img img

Видео