Во просториите на Општина Аеродром, од денеска, 6.4.2017 година, е поставена продажна изложба на рачни изработки од претставници на здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност Скопје“.
На изложбата можат да се видат велигденски украси и рачни изработки по пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, односно најразлични украси и други рачно изработени предмети од страна на членовите на Здружението, а поставена е и кутија за донации за хуманите граѓани, кои имаат желба да им дадат симболична поддршка на лицата со телесна попреченост.
Целта на оваа изложба, покрај собирање финансиски средства, е афирмирање на нивните изработки.
6.4.2017
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.