Етно-работилница во „Чекорче“

„ОД РУНО ДО ЧОРАПИ“

Во објектот „Чекорче“, градинка „Срничка“, неодамна се одржа етно-работилница на тема „Oд руно до чорапи“, каде децата беа воведени во традиционалниот начин на изработка на волница и начинот на нејзино обработување во минатото (предење, ткаење, плетење).

            Модерниот и современ начин на живеење, збогатен со најразлични технички средства, сè помалку им дава можност на децата да се запознаваат со животот на своите врсници во минатото. Токму затоа, во градинката „Срничка“ се реализираат работилници и активности преку кои на дечињата им се доближуваат обичаите, облеката, храната, танцот, музиката, традиционалните игри. Главната цел е уште од предучилишна возраст кај нив да се формира правилен и позитивен став кон македонското национално богатство.

            Работилницата се реализираше во соработка со Институтот за етнологија и антропологија на ПМФ при Универзитетот „Св. Кирил и Методија" од Скопје.

 

            4.4.2017

Општина Аеродром