ОПШТИНА АЕРОДРОМ НАБАВИ 6 НОВИ КОСИЛКИ ЗА ТРЕВА

Општина Аеродром деновиве набави 6 нови косилки за косење трева. Станува збор за еден рајдер (тракторска косилка) и 5 робусни тревокосачки (викинг). Вредноста на набавените косилки е околу 1.000.000 денари.

Покрај новите косилки, Општина Аеродром претходно има набавено уште 6 тракторки, 4 робусни тревокосачки, 8 тримери, 7 дувалки и 3 телескопски пили.

Со целокупната опрема за одржување на зеленилото збогатена и со новите косилки се очекува поефикасно одржување на јавните зелени површини.

 

1.4.2017

Општина Аеродром

 

Актуелно

img
img img

Видео