Грантови во рамки на Програмата на ЕУ за еко-градинки

„СРНИЧКА“ ДОБИ СОЛАРЕН КОЛЕКТОР, А „БУБА МАРА“ КАНТИЧКИ ЗА СЕЛЕКТИРАЊЕ ОТПАД

Детската градинка „Срничка“ во рамки на Програмата за мали грантови за еко-градинки доби грант за соларен колектор за топла санитарна вода што ќе се постави во објектот „Бамби“, за имплементација на проектот „Енергијата вреди и затоа треба да се штеди“.

Исто така, градинката „Буба Мара“ доби грант за поставување кантички за селектирање отпад во секоја занимална во објектот „Пчелка 2“, во рамки на проектот „Едукација и селектирање на отпад“, со цел активно вклучување на сите деца и вработени во процесот на правилно селектирање на отпадот.

Грантот, инаку финансиски поддржан од Делегацијата на Европската Унија во Скопје, е доделен во рамки на кампањата „ЕУ за тебе“ на тема чиста животна средина, со цел да се намали загадувањето и да се обезбеди чиста животна средина за сите.

Еко-градинките „Срничка“ и  „Буба Мара“ ја имаат усвоено заштитата на животната средина и еколошката едукација како една од основните вредности за управување и раководење и континуирано ја имплементираат Програмата за еколошка едукација во македонскиот образовен систем.

Програмата за мали грантови се спроведува од страна на Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО.

 

            27.3.2017

Општина Аеродром