ПРОЛЕТНО САДЕЊЕ ДРВЈА ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ

 Денеска, 25.3.2017 година, градоначалниците на Град Скопје и на Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски, како и директорите на јавните претпријатија учествуваа во пролетната акција за садење дрвја на територијата на градот.

Поточно, се садеше во новоподигнатата зелена површина на раскрсницата на булеварот „Видое Смилевски Бато“ со булеварот „Февруарски поход“, како продолжение на есенската акција за садење 5.000 дрвја.

            Акцијата продолжува и наредната недела со садење дрвја на повеке локации низ Општина Аеродром.

Цел на оваа акција е да се подобри еколошката клима во Општина Аеродром и во Градот Скопје и да се зголеми бројот на насадени дрвја.

25.3.2017

Општина Аеродром

 

Актуелно

img
img img

Видео