СПОРТСКИ ДЕН НА „БУБАМАРИТЕ“

Децата од големите воспитни групи од градинката „Буба Мара“ неодамна го посетија спортскиот центар „Ново Лисиче“ каде се запознаа со спортовите со топка (кошарка, фудбал, одбојка, пинг-понг), како и со нивните правила на игра.

Во рамки на „спортскиот ден“, дечињата проследија тренинг по кошарка, а подоцна и самите уживаа во најпопуларните спортови.

Децата, на крајот од посетата нацртаа и цртежи на кои ги изразија своите желби со кој спорт во иднина сакаат да се занимаваат, а потоа нивните дела беа објавени на паното во градинката „Буба Мара“.

 

9.3.2017

Општина Аеродром