ВО ГРАДИНКАТА „БАМБИ“ ХУМАНИТАРНА ОСМОМАРТОВСКА РАБОТИЛНИЦА

Воспитниот тим на објектот „Бамби“, градинка „Срничка“ и Црвен крст на Република Македонија, вчера, 8.3.2017 година, организираа хуманитарен настан во градинката, како дел од проектот „Црвен крст во акција - промоција на хумани вредности“.

Младите волонтери и дечињата од сите возрасни групи реализираа креативна работилница за изработка на осмомартовски честитки наменети за  продажба. Исто така, во хуманитарната акција се приклучија и родителите кои дома со своите дечиња подготвија колачи и други слатки подароци  за акцијата. Сите изработки беа изложени на продажната изложба, на која беа поканети семејствата на сите дечиња во градинката.

Од реализираниот настан се собрани парични средства за помош на најразлични целни групи, кои имаат потреба од помош.

Хуманитарните акции во градинката „Срничка“ се спроведуваат секоја година во рамки на проектот „Хуманост на дело“, со цел децата да научат да бидат солидарни, да сакаат да помагаат, да разберат колку е важно пријателството и посветувањето внимание на лицата во социјален ризик, сочувство со оние на кои им е потребна поддршка и  да научат да ги почитуваат потребите на другите.

 

9.3.2017

Општина Аеродром

 

Актуелно

img
img img

Видео