Вклучете се во хуманитарно-еколошката кампања!

СОБИРАЈТЕ ПЛАСТИЧНИ КАПАЧИЊА!

Општина Аеродром од денес, 6.3.2017 година, се вклучи  во хуманитарно- еколошката акција „Едно капаче - Една надеж“, чија главна и единствена цел е да се соберат што е можно повеќе пластични капачиња.

За таа цел на сите катови во Општина Аеродром се поставени соодветни кутии, во кои ќе се собираат капачињата.

Собраните капачиња потоа се испраќаат во Турција каде се рециклираат и за количина од 250 килограми се добива една инвалидска количка, која ќе се донира на семејство кое има потреба од таква количка, а нема финансиска можност самостојно да ја обезбеди.

Инаку, акцијата ја почна Македонската медицинска студентска асоцијација - ММСА.

Апелираме до граѓаните да се вклучат во оваа хуманитарно-еколошка акција и собраните капачиња да ги донесат во просториите на Општина Аеродром, покажувајќи ја својата хуманост.

                                    

6.3.2017

Општина Аеродром

 

Актуелно

img
img img

Видео