ХУМАНИТАРНА ОСМОМАРТОВСКА ПРОДАЖНА ИЗЛОЖБА ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ

Во просториите на Општина Аеродром, од вчера, 2.3.2017 година, е поставена продажна изложба на рачни изработки од претставници на здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност Скопје“.

На изложбата можат да се видат рачни изработки, односно најразлични украси и други рачно изработени предмети од страна на членовите на Здружението, а поставена е и кутија за донации за хуманите граѓани, кои имаат желба да им дадат симболична поддршка на лицата со телесна попреченост.

Целта на оваа изложба, покрај собирање финансиски средства, е афирмирање на нивните изработки.

 

3.3.2016

Општина Аеродром