Во сабота

МОЖНОСТ АЕРОДРОМЦИ ДА СЕ ОСЛОБОДАТ ОД ОПАСНИОТ ОТПАД

Општина Аеродром во соработка со Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“, во сабота, 4.3.2017 година, од 12:00 до 14:00 часот, ќе реализира еко-акција за собирање електронски и електричен отпад, во урбаната заедница „Горно Лисиче југ“, каде граѓаните од населбата Горно Лисиче можат да се ослободат од електронскиот и електричниот отпад од домаќинствата.

Под електронски отпад се подразбира статични и лаптоп компјутери, тастатури, глувчиња, кабли, звучници, слушалки, домашни телефони и мобилни телефони, МП3 плеери, монитори, телевизори, дигитални камери и видео-камери, принтери, скенери, факс-машини и стерео системи, додека под електричен отпад се подразбира шпорети, машини за перење облека и садови, греалки и грејни тела, микробранова печка, машина за правење леб, апарат за кафе, други апарати од домаќинство, како и клима-уреди.

Инаку, претходната акција се одржа на 25.2.2017 година, урбаната заедница „Горно Лисиче (запад и север)“.

Се повикуваат граѓаните на Општина Аеродром да ги пријават или донесат старите електрични и електронски апарати од домаќинствата, од кои сакаат да се ослободат, во сабота, 4.3.2017 година, пред урбаната заедница ГОРНО ЛИСИЧЕ (југ) од 12:00 до 14:00 часот.

                                                

2.3.2017        

Општина Аеродром

 

Актуелно

img
img img

Видео